МЕГА МЕГА МЕГА БОМБА НА ТЕЛМА – ГОТОВО Е ГОТОВО : Основен Суд одреди притвор за оној мафијаш кој вози Сеат во бомбите на Заев – ПРИТВОР ЗА СЕАД КОЧАН!!!

0
4508

Одреден е притвор за бизнисменот Сеад Кочан. Кривичниот совет на основниот суд Скопје 1 попланево одреди притвор и издал потерница, односно наредба за приведување за Сеад Кочан која стапува на сила веднаш. Притворот е одреден откако кривичниот совет ја прифатил жалбата на специјалното обвинителство кое ја поднесе на одлуката на судијката на претходна постапка која прво го одби барањето за притвор.

Советот денеска одлучил дека сите основи за притвор се исполнети, односно го прифатил образложението на СЈО дека Сеад Кочан ако остане на слобода може да избега, да влијае на сведоци или да уништи докази за случајот Труст во кој го сомничи специјалното обвинителство како поранешен управител на фирмата Трансмет , а во врска со тендер со факсификувани документи во РЕК Битола.

Според специјалното обвинителство, конзорциумот на Трансмет” , ,,Силекс неметали СТ” и ,,ВАТО” наплатил незаконски 17 милиони евра државни пари на тендер во 2011.

Извор : Телма