КОМЕДИЈА ВО КРИВИЧЕН : Во обид да ги избегне новинарите, Грујо направи инцидент во кривичен суд, влета во судницата за случајот Монструм

0
990

Поранешниот премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска влезе на погрешно судење, односно наместо на рочиште на „Тенк“, кое почнуваше од 11:30 часот, тој за малку ќе влезеше на судењето за случајот „Монструм“, ако не се спречеше обезбедувањето на судот.

Во големата судница од 10 часот се суди случајот „Монструм“, па Груевски веројатно првпат во својот живот подрани, и тоа час и половина.

Откако влезе во судот и ја помина безбедносната контрола, на пораншениот премиер му кажале дека подранил и тој веднаш заминал од судот.

Груевски оваа недела треба четири пати да се појави на суд, според распоредот на рочиштата.

Во Кричниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.