– Боки 13 имаше обичај да ми сврти на мобилен и да спушти. Потоа јас ќе го побарав и он ќе ме ставеше на спикерфон и со мене ќе збореше нешто без врска онака некои приказни, што потоа кога ќе си помислам било некакви негови шеми за рекетирања на бизнисмени, ме злоупотребувал и лажел дека јас сум со него во некаква шема, дека он има влијание врз мене што нема врска… Тоа сигурно му помагало да рекетира и добива пари од разни бизнисмени на кои им ветувал се и сешто…
Вилма Русковска во емисијата ,,Во центар” го изјави горенаведеното при што малку е тешко за верување за тоа дека жена од габарит како неа која беше на чело на неколку акции на ЈО за време Груевизмот и беше десна рака на Мијалков и Јанкуловска па одеднаш некој си Боки 13 да ја направи мајмун и да рекетира преку неа бизнисмени со тоа што се фалел дека е близок со неа, па како еден не се пожалил кон неа, како тоа не завршило со судски процес против него за рекет?!
Како во тоа време никој ништо не и кажал или и кажале па Вилма не преземала ништо?! Кој кого онади овде во здрав мозок?!