КАЈ СТЕ БЕ ЌОСИЊА!?

0
5684

Ако држеа до збор, до свое мислење, и имаа барем малку од кичмата среде таа аморфна мускулесто замастена маса што би требала да е нивно тело, тогаш, ликовите, како: Филип Ќосето, Валентина, Иле Гебелс, Крсте “Шверцерот на кашкавал“ и останатите “четници на Т.Александров“, веднаш требаше да постават шатори преде “Мермерниот дворец“, да запалат огни, и без престан на Грујо, да му пеат песни за “клетите шиптари“ и за “бабите кои од војводите го признаваат и величаат само Тодор Александров.“ И тоа не сега кога е навлезен во преговори за начинот како би можел да ги исполни барањата од заедничката платформа на Албанските парламентарни партии, туку тоа требаше да го сторат на првата негова помисла, да преговара за – двојазичност, федерализација, потпишување на нов рамковен договор, поминување на Македонија од национална во бинационална држава, и згора на тоа и за повторна промена на ЗНАМЕТО, ГРБОТ, ХИМНАТА и ИМЕТО на државата во која живееме!
Кај сте бе маскембалски подвижни воштени фигури од “фашистичкиот одел“ на Музејот на ВМРО!? Што ве нема!? Или како и секогаш, ова беше, уште една, кој знае која по ред, “шумлива таблета“, дозирана количина на екстремен национализам, како ефтина забава за прост, пијан и заблуден народ!
п.с.
Ако постојано со лицето си свртен кон некоја своја квази-историја, тогаш, сакал – не сакал, кон иднината газот ќе ти стои постојано натртен и на располагање … за сечија употреба!!!

Фејсбук статус на Југослав Петровски, драмски автор и шарен револуционер

СПОДЕЛИ