ЗАЕВ ПОЧНА И ЈАВНО ДА СЕ ЗЕЗА СО ГАФОВИТЕ НА СИЉАНОВСКА : Ако треба и на 21-ви септември ќе победиме!

0
333

Ни следуваат два големи празници Велигден и победата на Стево Пендаровски. Ќе ги победиме на 21 април, ќе ги победиме на 5 мај, ќе ги победиме и на 21 септември ако треба, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев од митинг во Скопје, алудирајќи на гафот на претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, која на вчерашниот централен митинг го згреши месецот на изборите и наместо 21 април рече 21 септември.

Според Заев, Стево Пендаровски е заеднички кандидат на сите, a Сиљановска е претставничка само на еден човек, на Мицковски, оној Мицковски на Груевски.

– Сиљановска дели, Пендаровски обединува. Поразот е најдоброто нешто што може да ѝ се случи на Сиљановска, бидејќи тој ќе ја спаси од канџите на Груевски – истакна Заев.