СДСМ: Џабе му се нови сваровски судии на Груевски, ништо не го спасува, ќе одговара!

0
1018

Паниката на осомничениот за тешки криминали, Никола Груевски, секој ден е се поголема.

Веднаш откако се распишаа изборите, проработеа тефтерчињата на осомничените од ВМРО-ДПМНЕ и преку послушниците од Судскиот совет се избраа нови 25 сваровски судии.

Сега е доцна, цела Македонија и светот слушна за нивните криминали и злоупотреби.

Ништо не ги спасува осомничените криминалци од ВМРО-ДПМНЕ. Сите ќе одговараат пред законите и од тоа бегање нема.

По 11 декември нема веќе да има нарачки и ургенции за пресуди, нема веќе да има тефтерчиња со погодни судии и обвинители. Македонија ќе биде правна и праведна држава и секој што го прекршил законот ќе одговара.