ЕВЕ КОИ СЕ НОВИТЕ ДИРЕКТОРИ ШТО ЌЕ ГИ ЧУВААТ ГРУЕВЦИ ШИРУМ МАКЕДОНИЈА ПО ГРАДИНКИТЕ ЗА ВОЗРАСНИ ВО ШУТКА, ИДРИЗОВО И ДРУГИ!!!

0
1974

Поранешниот директор на затворот „Идризово“, Јовица Стојановиќ, по десетина години се враќа како прв човек на Управата за извршување санкции при Министерството за правда. Ваква одлука донесе Владата, која денеска ги објави имињата на новите директори на сите казно-поправни установи во земјата. Стојановиќ во 2006 година беше прв човек на најголемиот затвор во земјата, но најголемиот период од својот работен век го помина во Воспитно-поправниот дом – Тетово. Тој доаѓа на местото на досегашната директорка Лидија Гавриловска, која раководеше со затворите во земјата од 2008 година.

Александар Наумоски е именуван за нов директор на истражниот затвор во Шуто Оризари. Тој ќе го замени досегашниот прв човек Александар Ѓеоргиевски, кој повеќе од три години управуваше со затворот „Скопје“. Наумоски е магистер по уставно право – човекови права и поранешен соработник во Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тој во 2013 година на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ.

За вршител на должноста директор на КПУ „Казнено-поправен дом“ – Идризово, со отворено одделение во Велес, се именува Ќерим Махмути, а со затворот во Охрид ќе управува Ристе Недески. Нов директор доби и затворот во гевгелија – Слободан Џонич, а за прв човек на Воспитно-поправниот дом – Тетово е именуван Зоран Стојановски.
Васил Коцев се разрешува од должноста директор на КПУ „Казнено-поправен дом“ –  Штип, а за вршител на должноста директор именуван е Мики Тодоров.
За вршител на должноста директор на КПУ „Затвор Куманово“, со отворено одделение во Крива Паланка, се именува Марјан Спасовски, а на „Затвор Прилеп“ – Слободанчо Ристески.

Со струмичкиот затвор ќе управува Жанета Багарова, а за директор на КПУ „Затвор Битола“ е именуван Драган Крајовски.

СПОДЕЛИ

НАПИШИ КОМЕНТАР