МПЦ ГИ КРИЕШЕ ПО МАНАСТИРИ ШИРУМ МАКЕДОНИЈА ТЕПАЧИТЕ НА ЗАЕВ И КОМПАНИЈА, ОТЕЦ ПИМЕН ГИ ШЕТА ВОДАЧИТЕ НА УБИЈЦИТЕ ПО ЕВРОПА НА СМЕТКА НА МПЦ!

0
4782

Отец Пимен е едно добродушно попче… Осамен човек затоа што владиците нели не смеат да имаат сопруги и деца… Затоа кутриот трча натаму наваму, благословува свадби и прави крштевки а нема своја свадба и свое дете… Затоа има потреба од блиско другарување на славни јавни личности кои имаат време и желба да акаат со него по светот…

И тука настапуваат на сцена Трендо и Бетмен на кои им треба ликот на Отец Пимен за да се прочистат ПР-овски од своите гревови слугувачки режимски, им требаат парите и врските на Отец Пимен како владика, дипломатски пасош, пријатели по Европа, пари за убав провод…

Башка фотките на фб со еден владика на МПЦ се многу ебачки и интересни, продуцираат коментари и шерови, со тоа Бетмен и Трендо си ги одржуваат своите фрб профили и веб сајтови популарни за посилно да можат да му служат на ВМРО ДПМНЕ, да држат на рејтинг и со тоа и подобра цена…PIMEN

Пимен од што е наивен и добродушен и со заматен ум од тоа христијанскиот светоглед дека господ ќе не спаси ние само треба да го свртиме другиот образ за да не тепаат колку што сакаат, не е ни свесен дека е искористуван и злоупотребуван од ВМРО ДПМНЕ со години!

Уште кога Бетмен го натера да се слика со Хорхе и да му даде поддршка, уште кога Трендо го покани да биде колумнист на Офф Нет и со секоја заедничка фотка со нив двајцата…

Исто како што се искористени и легендарните Теофил Панчиќ и Борис Дежуловиќ кои се редовно канети во Скопје и носени по кафани за да се фалат со нив Трендо и Бетмен и да си ги креваат рејтингот и да се прочистуваат за своите гревови, се препелкаат во славата и честа на овие двајца великани за да малце и тие се кренат од калта и гомната во кои 10 години живеат како бели црви гомнарски…

Време е Отец Пимен да разбере дека некој го искористува и неговото име и функцијата која ја има, владика на МПЦ за да добива политички поени и пари за потоа уште подобро да му служи на мафијата!

Бетмен Велит веќе со години е главен советник на Грујо за ПР, а верувам дека и Трендо е на некаков список. Офф Нет е проект на ВМРО ДПМНЕ, со години се ширеше една штетна теза преку тој сајт дека не вреди да се бориш, сите се исти, ДПМНЕ и не се толку лоши, заебете деца политика, политика е курва, мисли си на себе терај си магарчето, кој се бави со политика тој е исфустриран сељак, политиката не е ин, особено не македонската, СДСМ и Сорос се кретени, ДПМНЕ не се толку лоши итн итн…

Сум напишал сто колумни дека Трендо и Бетмен одработуваа за Грујо колку и Мирка, Миленко, Јанко и Латас!

Едните се обраќаа кон фан базата на ДПМНЕ, другите кон неопределените и фан базата на СДСМ. Миленко, Јанко, Латас и Мирка ја држеа тензијата кај армијата фашисти и лудаци гласачи на ДПМНЕ, додека Бетмен и Трендо со многу напор и умна ПР манипулација ја држеа заспана младината и генерално јавноста која не прати вести и политика и за настаните во Македонија се информираше од Офф Нет а кои беа таму најголемите проблеми овие 10 години во земјава? Погрешно паркирани коли на тревници и тротоари, печатни грешки на веб сајтови, лош вкус на некои сајтови, печатни грешки во учебници и лапсуси на дечки како Ристе од Припор! Се друго беше ТОП во државата, или пак не вредеше да се за тоа обрнува внимание, еден вид на општествен аутизам, општествена лоботомија!

И што резултираше од тоа? Фан базата на СДСМ беше издишана, во земјата наводно нема проблеми, реагираме прежестоко на работи кои не заслужуваат таква реакција, значи нешто не беше во ред со нас?! Ако Трендо и дечките не се нервозни и возбудени за работите, значи ние или ги мразиме Груевци или сме луди штом се нешто се буниме нон стоп низ годините?!

Бетмен и Трендо се најголемите штеточини во македонскиот јавен простор а дечките како Пимен, Дежуловиќ и Панчиќ се злоупотребени, што од незнаење и неинформираност затоа што не жиеват тука што од наивност и простоќа како во случајот со Пимен. И тоа е голема штета за сите и за жал тешко дека ќе престане, Пимен е со нив веќе како фамилија, Трендо и Бетмен се му замена за жена и деца, он без нив не може, макар и иорганизирале линч на опозиција и влегле во собрание да тепаат и макар имало реки крв и земјата била пред граѓанска војна поради тоа… Он не може да им каже не на нив, пресилно има потреба он од друштво и малце лесна забава и среќа во тој тажен свештеничко-попски живот…

Инаку Трендо и Бетмен и мене пробаа да ме искористат. Ме викнаа на забава на Офф Нет со очекување дека ја ќе се стопам од радост и од респект за нивната слава и ќе станам и јас неутралка кој ќе критикува за баналности а ќе молчи за големите злодела. Не успеаја во тоа, ме потценија изгледа, си викаат ова сељаче од Кратовско село ќе го влечеме за уши како што го влечеме Пимен, исто сељаче од Ресенско…

Извор : Мактел.Мк