Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски со турска делегација го посети Канатларци и го одржаа турското културно наследство на Балканот

0
86

Во рамките на 4-та меѓународна културна манифестација на Балканот, која што го негува културното наследство од Република Турција, денеска во прилепското село Канатларци престојуваше турска делегација.

Тројца пратеници: Кемал Ал Бајрак, Шабан Кардеш, Идаи Севен и претставникот на турското Министерство за култура,Сибел Ујгар на средба со градоначалникот Илија Јованоски ја истакнаа потребата од продлабочување на соработка на културен план.

Турските претставници најавија и можности за збратимување на Општина Прилеп со една општина од турската престолнина Анкара, но и донации за решавање на проблемите со водата и инфраструктурата. Манифестацијата се одржа во организација на фондацијата „Туркмен алплер“ од Анкара. 

Инаку, Канатларци е единствено село со турско население во општина Прилеп. Околу 95 отсто од вкупно 1700 жители се од турска националност. 

СПОДЕЛИ

НАПИШИ КОМЕНТАР