БАРА НЕВЕРНИЦИТЕ ДА НЕ МУ СЕ МЕШААТ ВО ЦРКОВНИТЕ РАБОТИ, А ТОЈ СЕ МЕША ВО ОБРАЗОВАНИЕ, ЗДРАВСТВО И СУДСТВО, ВЛАДИКАТА ПЕТАР: ЗА ОСУДЕНИТЕ ОД 27-МИ АПРИЛ ДА СЕ ПОВТОРИ СУДЕЊЕТО ПО ДРУГИ ЧЛЕНОВИ ОД КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК А НЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ

0
859

Во емисијата “Што не е јасно?” на тв Алфа, беше гостин владиката Петар кој што многу сака во јавност да искажува свои политички ставови иако државата според Устав е секуларна. Тој истиот владика Петар до неодамна бараше во црковните работи да не му се мешале “неверниците”, премиерот Заев и министерот за здравство Филипче, а притоа самиот си зема за право да коментира законски мерки на Собранието, одлуки на извршната власт и последно реши да се вмеша и во судската власт.

Тој искажа поддршка за т.н. семакедонски протести за уставобранителите, релативизирајќи ги настаните од крвавиот четврток кога можеа да загинат и пратеници од СДСМ, вработени во Собранието, новинари и камермани. Наведе дека судската власт треба да го повтори судењето а тие што извршиле насилство, да одговараат за такво кривично дело а не за тероризам. Исто така тврдеше дека народот се собрал спонтано на 27-ми април и очигледно никому не му било важно да дојде до причината зошто масата народ била испровоцирана да влезе во Собрание.

Потоа се присети на социјалистичките состојби во Македонија кога бил епископ а тогашните федерални служби го следеле и прислушувале, па дури и му се заканувале дека ќе го убијат заедно со шоферот кога се возат некаде. Затоа просветлениот Петар наводно се откажал од возилото со цел да си го заштити шоферот од такви ризици. После осамостојувањето, спомна дека и натаму дел од новите власти во Македонија го следеле со јасна алузија на поранешниот министер за внатрешни работи, Фрчкоски.