(ВИДЕО) РЕК БИТОЛА ПРОПАЃА ВО ДУПКА И ПРАВИ КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА И ДОСЕГА НЕВИДЕНА ХАВАРИЈА!

0
220

Прес конференција,
Васко Ковачевски, пратеник во Собранието на Република Македонија
Скопје, 19.06.2017

Почитувани,

Во РЕК-Битола повторно дојде до уште една хаварија во рудникот Суводол. На одложниот транспортер на багерот СрС 1300 така наречен банваген 5500, дојде до оштетување на приемната трака, односно нејзино целосно кинење, истиот е надвор од употреба, а со тоа надвор од употреба е и багерот Срс 1300.

Со оваа хаварија надвор од употреба се четири багерски единици. Ако на ова се додаде и фактот дека вториот блок на Комбинатот е во застој и дека во последните пет години не се правени ремонти на блоковите на термоелектраните, тогаш со право може да се заклучи дека состојбата со РЕК Битола е алармнтна.

Ваквата состојба со најголемиот енергетски комбинат во Македонија е последица на долгогодишното неодговорно работење на раководствата, кое во изминатите години беше проследено со низа скандали и коруптивни зделки за кои се покренати и бројни кривични постапки. Катастрофалната сосотјба со РЕК Битола е уште еден доказ дека итно е потребно ново раководство во АД ЕЛЕМ, а со тоа и на РЕК-Битола.

АД ЕЛЕМ и РЕК Битола се столбот на енергетскиот сектор во Македoнија и недзоволиво е да бидат управувани на неодговорен и коруптивен начин како што беше досега. Новите раководства на овие претпријатија ќе мора сериозно да се зафатат со санирање на штетите и да воспостават одговорно, чесно и професионално раководење кое ќе гарантира сигурна, непречена и ефикасна работа на истите.

СПОДЕЛИ