(ВИДЕО) МУКАЕТОВ ЗАЕДНО СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ИМАА БОЖИЌЕН РУЧЕК СО ДЕЧИЊА ОД ЦЕЛАТА ДРЖАВА!

0
192

Денеска во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, Детската Амбасада за Сите Деца
во Светот по 13-ти пат организираше Божикен ручек за околу 500 деца од повеќе
градови од нашата држава.

На заедничка трпеза седнаа деца од Прилеп, Скопје, Штип, Тетово, Крушево,
Демир Капија, Струмица и од други градови од Македонија, деца од различна
етничка и верска припадност, што е во контекст на мотото на настанот, „Едно небо
за сите деца“. За сите нив, Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски
обезбедија божикни пакетчиња.