АЈДЕЕЕЕЕЕ, ПА ОВА ГО НЕМА НИКАДЕ : СОПРУГАТА НА ИГОР ЈАНУШЕВ ПОЛОЖИ СО НАЈВИСОКА ОЦЕНКА ЗА СУДИЈА, А ВМРО-ДПМНЕ СЕ СОМНЕВА ВО КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ НА АКАДЕМИЈАТА „ПАВЕЛ ШАТЕВ“ НА КОЈ ПОЛАГАЛА

0
610

Според списокот на кандидати за судии и јавни обвинители кој е објавен на веб-страната на Академијата за судии и обвинители, второрангирана на таа листа е Маја Јанушева, сопруга на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Таа е меѓу првите тројца највисокорангирани кандидати, кои имаат право да изберат за што сакаат да бидат избрани, за судии или за обвинители, а нејзиното име директорката на Академијата Наташа Габер-Дамјановска веќе го испратила во Судскиот совет за да биде избрана за судијка. (Фото: СДК.МК)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска на прес-конференција обвини за местенки при изборот на кандидатати за полагање приемен испит во Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ по нарачка на премиерот Зоран Заев и генералниот секретар Драги Рашковски, по што реагираше директорката на Академијата Наташа Габер-Дамјановска, која праша зошто истата партија не реагирала кога пред еден месец преку истиот систем со статус на кандидат за судија се стекна сопругата на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Според списокот на кандидати за судии и јавни обвинители кој е објавен на веб-страната на Академијата, второрангирана на таа листа е Маја Јанушева, сопруга на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Таа е меѓу првите тројца највисокорангирани кандидати, кои имаат право да изберат за што сакаат да бидат избрани, за судии или за обвинители. Јанушева е меѓу  37 слушатели на шестата генерација на Академијата „Павел Шатев“ што 24-месечната обука ја почна на 1 март 2017, кога директорка беше Аната Арнаудовска.

Повеќе за ова на СДК.МК