ШОКАНТНО – ОВОЈ ЧОВЕК ЗА МАЛКУ ЌЕ БЕШЕ ШЕФ НА СЈО – КАЛАЈЏИЕВ: ВО ТРЕЗОР ОБВИНЕТИТЕ СЕ НЕВИНИ, НЕМА ОШТЕТА, НЕМА КОРИСТ, НЕМА НИШТО!??!?!

0
4964

Под кодното име „Трезор“ Специјалното јавно обвинителство отвора истрага по сомнение за проневера на вкупно 862 045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. За злоупотребата се товарат тројца вработени во УБК и еден во МВР за кои СЈО смета дека проневериле државни пари за лично богатење.

Осомничените освен набавката на опремата преку приватна фирма која го застапувала МВР, подоцна со анекси на договорот скроиле план за ново користење на пари од буџетот за дополнителни набавки и одржување на опремата, иако според СЈО немало потреба од тоа.

За сите осомничени од судот ќе биде побарана мерка за обезбедување на нивно присуство во постапката, како и привремено замрзување на имот.

Според доказите на Обвинителството, осомничените со цел да набават опрема во име на УБК, во 2010 година оствариле состанок со претставници на фирма од Велика Британија и договориле набавка на опрема и обука за нејзино користење за потребите на Петтата управа.

Но, наместо набавката да се изврши директно со фирмата од Британија, првите двајца осомничени договориле опремата во име на МВР да ја набави приватната фирма ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, каде од 2009 до 2011 управител било лице кое е во крвно сродство со третоосомничениот. Основач на „Финзи“ е запишано правното лице Финзи ДОО од САД, а сопственикот во Македонија се уште е непознат.

-Постои основано сомнение дека откако го договориле начинот, условите и цената на набавката на опремата, прво и второосомничениот по враќањето во Република Македонија усно му наложиле на сведокот, кој е вработен во МВР, да започне со постапка за набавка на опрема од правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје и истата да се спроведе без примена на условите предвидени во Законот за јавни набавки, појасни обвинителката Фатиме Фетаи.

Фетаи рече дека третоосомничениот учествувал во дефинирање на техничките спецификации на опремата, а четвртоосомничениот како службено лица со умисла помогнал во реализацијата.

Сепак од СЈО не сакаа да прецизираат на која функција биле четворицата осомничени за злоупотреба на службената положба и дали се уште вработени поради презумпција на невиност, но посочија дека се работи за лица на високи позиции во УБК и МВР.

Дополнително, истрагата ќе треба да покаже каде завршиле парите, како и тоа кој реално стои зад македонската компанија која извршила увоз и наводно одржување на опремата.

СЈО: СЕ ГОТВЕЛЕ И НЕЗАКОНСКИ АНЕКСИ НА ДОГОВОРОТ

Откако ФИНЗИ извршиле увоз на опремата од Британија со фактура од 1 милион 452 403 евра, истата опрема ја префактурирала према МВР на вкупен износ од 2 милиони 21 028 евра и така ја препродала на МВР. Со ова ФИНЗИ стекнала имотна корист од 362 039 евра и ја нанела првата директна штета на Буџетот на Република Македонија.

Во 2011 година, двајцата првоосомничени му наредиле на сведокот дека УБК има потреба од набавка на дополнителна опрема. Поради тоа, изготвен е анекс кон договорот, и во декември 2013 меѓу МВР и ФИНЗИ која во тој период била управувана од Коста Крпач склучен е договор за купување дополнителна опрема.

За таа цел, четвртоосомничениот без да има овластување ставил своерачен потпис и печат за дополнителната набавка.

Една година подоцна, склучен е уште еден анекс на договорот меѓу британската фирма и МВР (застапувано од фирмата ФИНЗИ) , а опремата наведена во фактурата иако различна од барањето за доопремување и понудата за склучување на анексот сепак износот бил целосно исплатен од страна на МВР со што осомничените извршиле уште една злоупотреба на буџетот.

Со цел да стекне корист фирмата ФИНЗИ, двајцата осомничени иако немало потреба од одржување на опремата, изготвиле план како таа да се одржува.

-Постои основно сомнение дека опремата од основниот договор и од двата анекси била нефункционална поради хардверска и софтверска застареност и целосно истечен рокот на лиценците, меѓутоа тоа не било пречка со дописот да се побара ФИНЗИ да продолжи со одржување на таа опрема. Од доказите произлегува дека книговодствено во МВР фирмата е евидентирана со вредност од 1 денар, а договорот за одржување е приближно 30 000 евра месечно, посочи Фетаи.

Така во 2015 година МВР на РМ, застапувано од сведокот и правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, склучиле Договор за извршување на услуги за редовно одржување, сервисирање, надградување и поддршка на хардвер, софтвер и лиценци на севкупните системи и опрема од производителот од Велика Британија на принцип на целосно каско одржување.

Според доказите на СЈО, МВР се обрзала на ФИНЗИ да му исплаќа авансен месечен паушал, по претходно доставена месечна про-фактура во износ од по 1.947.500,00 денари без ДДВ, со вкупна вредност на договорот од 46.740.000,00 денари без ДДВ.

ФИНЗИ ДООЕЛ Скопје не ја извршило услугата, бидејќи немало технички и човечки капацитети, ниту пак имало потреба од таква услуга.

-Од досега прибраните докази за предметот „Трезор“, а со кои ова Обвинителство располага, може јасно да се извлече заклучокот дека постои основано сомнение дека инволвираните ги сториле предметните дела. Почитувани! Парите, како и вистината, се како шило. Ова обвинителство ќе вложи максимални напори, секој кој злоупотребил народни пари, да седне на обвинителна клупа и да ги врати парите, заклучи Фетаи.

КАЛАЈЏИЕВ ГИ БРАНИ КРИМИНАЛЦИТЕ!

Целиот случај со набавката на опрема за потребите на УБК, според професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев, е базиран на претпоставки во чие докажување Јавниот обвинител не отишол подалеку од таму каде што бил на почетокот.

За професорот Калајџиев најспорен е моментот во кој се претпоставува одредена материјална штета, без да се понуди економско вештачење. Притоа се оспорува идејата за набавка преку фирмата застапник, наместо набавка директно од производителот.

– Сите докази се на база на претпоставки. ЈО нема отидено подалеку во однос на првичните претпоставки. Викаат имало дистрибутер. Па нормално е да има дистрибутер. Вие сега и лекови набавувате преку дистрибутери. Која е гаранцијата дека би била поефтина цената ако се одело директно со проиводителот, кога и така не е наведена цената – рече професорот Калајџиев во неговото вчерашно гостување во „Топ тема” на телевизија Телма.

Според Калајџиев, нема логика да се тврди дека е предизвикана некаква материјална штета, а да не може да се наведе кој имал противправна имотна корист и колкава била таа. Апсурдно е за Калајџиев да се претпоставува дека Мијалков или кој било друг функционер би сакал да направи штета на инситуцијата која што ја води без да има некаква корист. Тоа би значело дека самиот си става крај на политичката кариера.

Ваквиот начин на конструирање на предметите, Калајџиев го толкува како обид на обвинителството да протне некаква формулација, за да обезбеди полесен пристап до осудителна пресуда без утврдени дејствија на извршување.

– Има многу претпоставки кои не се докажани, а се темелат на некакво влијание на Мијалков и на Груевски. Самото обвинителство тргнува од претпоставка дека тие не вршеле набавки. Претпоставката е дека влијаеле врз оние кои набавувале, а тие се повикуваат како сведоци. Се креира слика дека обвинетите се лошите кои имале моќ да влијаат. Ниедно дејствие не покажува како е вршено влијанието. Дури и да имало влијание, тоа е друго дело. Имавме расправа за 353 е од секундарен карактер и тоа е општо дело. Ако имате незаконско влијание, тоа е друго дело 359 и со многу пониска казна – смета Калајџиев.

Калајџиев вели дека не би сакал да биде на местото на обвинетите, бидејќи во моментов судот е под притисок, особено во предметите за кои постои поголем интерес во јавноста. Јавноста е навивачки ориентирана, а за разлика од САД, кај нас не постои заштитен механизам кој би гарантирал фер и правична пресуда.

Калајџиев во „Топ тема” предупреди дека одбраната не смее само да биде украс во предметите и мора да постојат гаранции за еднаквост на обвинителството и одбраната.