„Чешмичето и гранапчето“ на Владимир Панчевски

0
1077

Навистина е тажно што една институција каква што е Јавното обвинителство, која би морала да биде столб на правната држава и правораздавањето, е доведена на ниво да служи за покривање криминал и да биде предмет на потсмев на сите што малку имаат чувство за правда и правичност

Пишува
Александар ТОРТЕВСКИ

Во предметот познат во јавноста како „Ликвидација“ (во кој покрај новинарот Томислав Кежаровски) беа обвинети еден поранешен судија на Врховниот суд, еден обвинител, еден судија и двајца адвокати. Поранешниот судија само го имаше прашано адвокатот дали би се вклучил во предметот „Ореше“, па беше обвинет дека како поранешен судија на Врховниот суд преку адвокатот влијаел обвинителот да преземе незаконско дејствие.

Гревот на едниот од адвокатите беше што по телефон го прашал обвинителот дали има простор за негово вклучување во тој кривичен предмет, при што одговорот беше „другарче, не влегувај во тој предмет“ (снимен разговор со ПИМ мерка), по што адвокатот воопшто и не се вклучил во предметот.

Истиот обвинител беше обвинет и осуден затоа што во друг предмет наводно влијаел врз негова колешка, која веќе имаше поднесено барање за притвор против еден човек. Притворот веќе бил одреден, а обвинителот испратил порака на колешката (инаку во ист ранг со него) во која напишал „мораше ли да одиш со најстрогата мерка кога на располагање имаш и други“.

Целата колумна ОВДЕ