„Ние дадовме списоци на здравствени работници. По тројца во општина ќе бидат опредлени од ДИК за да го спроведат заедно со одборите ова гласање. Не известија од ДИК дека планираат симулација на процесот на денот на гласање во среда или четврток со членови на избирачки одбори, со претставници на набљудувачи од партиите како тоа би изгледало со сите заштитни превентивни средства согласно протоколот којшто го дадовме. Секако, претставници на Комсијата за заразни болести биле на таа симулација“, рече Филипче.
Согласно ревидираниот Роковник на ДИК рокот за пријавување на лицата со ковид-19 и во самоизолација за гласање истекува на 8 јули на полноќ. Гласањето за оние што ќе се пријават ќе се одвива на 13 јули, а гласањето ќе го спроведат здравствени избирачки одбори односно Посебни избирачки одбори во кои членови се тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.
Лицата кои ќе добијат позитивен тест за ковид-19 и ќе им биде дадено решение за самоизолација од 8 до 13 јули нема да можат да се пријават и да гласаат на парламентарните избори.