УСТАВНИ ИЗМЕНИ – ХАЛИЛИ : МИЦКОСКИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГО ИЗДРЖИ МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК, ДОКОЛКУ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГЛАСААТ НИВНАТА ПАРТИЈА ЌЕ СЕ СООЧИ СО МЕЃУНАРОДНА ИЗОЛАЦИЈА

0
938

„Не верувам дека Мицкоски ќе биде толку наивен пред електоратот и пред светот за неговата партија да добие црна дамка и да спречи почеток на преговори со Европската унија“, оценува поранешниот амбасадор на Македонија во Данска, Мухамед.

Халили, зборувајќи за можноста за внатрешна и надворешна политичка изолација на ВМРО-ДПМНЕ, доколку таа не ги поддржи уставните измени неопходни за натамошното патување на земјата кон ЕУ.

Без разлика на неконзистентните и контроверзни изјави на Мицкоски, не верувам дека ќе може да го издржи меѓународниот притисок. Не верувам дека Мицкоски ќе биде толку наивен пред електоратот и пред светот што неговата партија да добие црна дамка и да го спречи почетокот на преговорите со ЕУ, со неисполнување на условот за промена на уставот“, изјави Халили за Деск.Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ од радикална позиција дека нема да поддржи уставни измени во ниту еден облик и начин, сега бара гаранции од ЕУ дека Софија нема да бара други отстапки во текот на преговарачкиот процес.

Ова, според познавачите на политичките случувања во земјава, навестува дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за поддршка на уставните измени со ветување дека Бугарија нема да бара дополнителни измени на Уставот.