СКОПЈАНКА ЗЛОУПОТРЕБИЛА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ – СО ТУЃА ЛИЧНА КАРТА САКАЛА ДА ПОДИГНЕ КРЕДИТ

0
312

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нов откриен случај на злоупотреба на личните податоци, во кој за среќа, навреме се реагирало и е спречена намерата.Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднела кривична пријава против скопјанката И.И. (54) за сторени дела „измама при добивање на кредит или друга погодност” по член 249 и „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик.

На 4 минатиот месец, скопјанката во финансиско друштва во Скопје поднела документи за добивање кредит и притоа употребила лична карта на друго лице и го потпишала барањето за кредит како лицето чија била личната карта.Нејзината намера не се реализирала, бидејќки вработеното лице во финансиското друштво се посомневала во идентификацијата на пријавената и повикала полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, коишто го расчистиле настанот.