Ваквата состојба се должи на укинувањето на образовните стручни профили со втор и трет степен во стручните училишта од каде излегуваа занаетчии, со воведувањето на задолжителното стручно образование.РЕК, кој долги години важеше како фирма со високи плати, сепак не е имун ни на одливот на кадри во приватни фирми за повисоки плати. Бројот на вработени во последните години преку пензионирање и одлив на кадри се намалил за една четвртина.
„Пред неколку години тука работеа 2.700 работници, а опслужуваа еден рудник и термоелектрана. Моментално работиме со 2.080 постојани вработувања и 400 агенциски во два рудници и термоелектрана. Тоа е показател дека имаме недостиг на стручна работна сила од стручните училишта. Ги немаме вториот и третиот степен во образованието, а се јавува и дефицит во инженерски кадар. Имаме проблем зашто наши вработени со средно и високо образование заминуваат во други фирми зашто ги немаме високите плати што таму им се нудат.Тоа е сериозен проблем и треба да се работи на надминување на тоа“, вели Пеце Матевски, генерален директор на РЕК Битола. Комбинатот за да ги мотивира младите да се запишат во техничките стручни училишта и инженерски факултети особено се вложува во поддршката на дуалното образование.
„РЕК ги отвора вратите за сите средношколци да започнат да изведуваат стручна настава, а наше стручно лице ќе им помогне. Ова е еден пример сите заедно да се избориме за нашите ученици да ги стекнат потребните стручни знаења и во иднина да работат во нашиот комбинат”, рече Матевски.Гоце Тодоровски, специјалист по електроенергетика од РЕК, е првиот сертифициран ментор во комбинатот за пракса на ученици опфатени со дуално образование.