Героски денеска се извини на Саше Политико но индиректно и на премиерот Заев за клеветата дека премиерот нарачал прашање преку Саше Политико на прес конференција:
Во врска со примената жалба од сопственикот на Мактел Саше Ивановски, на текстот со наслов „Кои се петте луѓе блиски на Заев што ја менаџирале аферата „Рекет“ од втор план и дали некој од нив знае каде се парите?“, објавен на порталот Плусинфо.мк, на 4.01.2020 година, на 8 јануари 2020 година, пред да ја добијам жалбата од Ивановски, на неговата имејл-адреса му го испратив следниов допис:
Г-н Саше Ивановски,
Откако го прочитав Вашиот текст за прашањето до г-н Заев на онаа прочуена прес-конфреренција – кое тогаш навистина ми се чинеше нарачано – сфатив дека навистина било можно вие и премиерот да логицирате на сличен начин.
Иако Вие пренесувате мои текстови и без прашање, јас сепак сакам формално да Ви дозволам да го објавите ова извинување во целина.
Бранко Героски
По ова, СЕММ ме извести дека започнал процес на медијација и од мене го побара следново. Цитирам: „Доколку се согласувате со предлогот на жалителот, во тој случај Ве замолуваме да го објавите извинувањето јавно на интернет порталот Плусинфо.мк, во корелација со текстот кој што е предмет на оваа жалба и да ни испратите линк од објавата“.
Еве, тоа е сторено. Очекувам жалителот самиот да се погрижи за натамошна експлоатација на оваа објава на неговиот портал. на социјалните мрежи и секаде каде што ќе најде за потребно тоа да го прави.