ОВИЕ ЛУДАЦИ ДА СЕ ПРАТАТ НА ИНФЕКТИВНА БЕЗ СКАФАНДЕРИ: Кривична пријава против 20 лица од Скопје, сите седеле во иста соба и се капеле во базен во хотел во Крушево

0
1220

Полицијата поднесе кривична пријава против 20 лица од Скопје кои биле затекнати како седат во иста соба, а истиот ден влегле и во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното.

Според информациите на МВР, полицијата во Крушево поднесе кривична пријава против И.Г. (42), Д.В.(42), З.Б.(29), М.А.(33) В.М.(36), Е.С.(32), Д.Т.(27), С.Н.(19), Н.М.(26), С.М.(36), М.Ц.(36), М.М.(48), А.К.(34), С.К.(36), Б.Г.(38), А.Н.(40), Г.С.(36), В.Д.(36), М.К.(36) и М.Д.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 19 септември пријавените биле во една соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од страна на персоналот на хотелот да не се групираат и да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Истиот ден, тие влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното, спротивно на протоколот според кој дозволено е присуство на максимум шест лица во базен.