Лазаревска: Овој народ ниту се води, ниту се тера

0
1204

Се покажавме како најнеизживеан народ, без чувство за лична одговорност,без свест за колективност и општествена одговорност. Никој не крена џева зошто не работат училиштата, не се загрижија за (не) образованието на своите деца, никој не се побуни зошто не одат на работа, на пример во администрација, а си земаат платичка, никој не се понуди некаде да волонтира(чест на ретки исклучоци), секаде едно време им аплауидираа на лекарите и медицинските сестри, само кај нас не. Само кај нас е срамотно да побараш во разумно време лекарска помош, да кажеш дека имаш коронавирус, да ги заштитиш другите, себеси да се спасиш.

Кријат, даваат лажни контакти, бегаат, ги ловат како дивеч низ државата. Немаат емпатија кон лекарите и медицинските сестри, велат тоа им е работа. Само кај нас мислат дека државата треба да го контролира нон-стоп дали почитува мерки, инаку нормално нема свест и ,,се снаоѓа“ на секој можен начин, ама ако го фатат и го казнат потоа ја плука државата и сите други му се виновни, само тој не.

НО, први се да се сликаат како слават распојасени и прегрнати и притоа го поздравуваат Венко?! Се прават кампањи од лажни профили да не прифаќаат тестирање за коронавирус и вакцинирање. Побогу кој стои зад тие профили, што лејки се?! Ги сликаат софрите за полуматура, а децата не им одат цело полугодие во училиште. Не им е гајле што се полу или целосно неписмени.

Прават свадби и ги кријат контактите. Спасовдени, имендени, родендени, ифтари, литии…

Парковите се претворени во кафани на отворено. Младината се пијанчи, џаболебари, нема ориентација што да прави со себе. Никој не ѝ помага. Секоја вечер иста приказна. Поминуваме покрај нив со наведнати глави. Смее некој нешто да им каже? Тие лудуват, ние полудуваме. Тие го оставаат ѓубрето зад себе, комуналците утрината го собираат. Ефектот нула, вртење во круг, тапкање во место.

Мијте раце, одржувајте хигиена…ѓубре насекаде.
Заштитните маски станаа декор на рака како часовник, на лакт, под брада, на чело, на ретровизор, на асфалт, во парк, на клупа, во тревник…секаде. Најмалку таму каде што треба, на нос и уста, не само на уста… Струката ти вели дека вирусот се пренесува преку тоа што го исфрламе од себе како честички, тој поминува покрај тебе плука, носот го секне со рака, кива сочно без да стави рака…

Па добро, каква е оваа ситуција?! Дел од народот ниту се води, ниту се тера…

Фејсбук статус на Емилија Лазаревска.