Зоран Заев за поканата од Ахмети кон претседателите на албанските партии во Македонија, за Телевизија 21, вели дека ова го смета како притисок врз него, СДСМ и Колалицијата „Можеме“.
„Да, го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и Коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ“, посочи Заев.
На прашањето дали доколку има договор меѓу овие партии, тоа би влијаело врз формирање на нивото мнозинство, Заев додаде дека се уште е прерано да каже било каков одговор.