Заев: Подготвен сум на спомен-плочите каде што пишува „бугарски фашистички окупатор“ да остане само „фашистички окупатор“

0
1016

Реално, подготвен сум иако имам критики во домашната јавност, на спомен-плочите каде што пишува бугарски фашистички окупатор да остане само текст фашистички окупатор – порача премиерот Зоран Заев денес од Битола.

– Во духот на пријателството треба да внимаваме и како што Полска и Германија го решија проблемот или како што тоа го направија Германија и Франција, да гледаме низ призмата на пријателството – истакна Заев.