По предходно најавената кандидатура на докторот Борче Јовчески како кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од страна на генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски вечерва на плоштадот ,,Александрија” кај камената бина во Прилеп неговата кандидатура и официјално беше претставена.
Под слоганот ,,Македонија за сите луѓе ” вечерва пред присутните за време промоцијата на кандидатот за градоначалник, Борче Јовчески беа Владо Мисајловски како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.