Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево денеска (01.08.2020) во атарот на делчевското село Град, во месноста Суви дол пронајде насад со 112 стебла „Канабис сатива“ во висина од 75 см до три метри. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Кочани стеблата се подигнати за вештачење, а се преземаат и дополнителни мерки и активности со цел расчистување на случајот.
Home Македонија Директорот на БЈБ Саше Тасески во нова офанзива против нарко картелите, пронајдени...