Низа реакции во јавноста по вчерашната информација дека дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи ќе добијат двајца фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски. Денес со свој став се огласи и eден од најдобрите македонски фудбалери Горан Пандев.
„Смешен си господине и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, напиша Пандев на инстаграм.
Македонската фудбалска репрезентација во четвртокот оствари победа над Италија во Палермо, со што обезбеди место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022.