Српскиот претседател Александар Вучиќ, како кoментар на изјавата на францускиот премиер дека вооружувањето на Франција е негов приоритет изјави дека и Србија не заостанува во вооружувањето во регионот.
„Во регионот исто така ситр се вооружуваат. Наше е да не заостануваме. И не заостануваме. Ќе го видите тоа наскоро – рече Вучиќ.“Јас внимателно следам сè што се случува низ целиот свет. И во Америка, и во Англија, и во Франција, и во Германија и во Шведска.
Ние следиме сè внимателно насекаде. Сите се вооружуваат до заби. Логично, зошто не би се вооружувала Франција“, заклучил претседателот на Србија, пишува Кликс