Една Македонија едно општество, е еден од слоганите на СДСМ кој е составен дел од Визијата за Македонија, проект кој што е основна платформа за изборната програма на социјалдемократите за изборите наредната година.
Тимот кој што вечерва пред жителите на Јеловјане ја презентираше Визијата на Македонија беше составен од: Едмонд Адеми, член на ИО на СДСМ, Снежана Ангелковска-Трајковска, член на градската организација на СДСМ, Аднан Џафероски, член на ИО на СДСМ и Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар.
Вечерашната презентација ја отвори Џафероски кој што првично ја објасни потребата од еден проект како што е “Визијата за Македонија.
Првиот и вториот столб од Визијата за Македонија пред присутните го образложи Ангелковска Трајковска,
,,одговорна власт и контрола над власта и праведна распределба на доходот и извлекување од сиромаштија”.
Теми кои што предизвикаа голем интерес пред присутните поради арачот кој моменталната власт го врши врз граѓаните.
Пред јеловјани, Едмонд Адеми го претстави третиот и четвртиот столб односно ,, Развој на домашните капацитети и пристојна работа како и европска иднина и квалитете живот”, кој што до некаде и им беше познат на присутните што поради малите бизниси на луѓето од тој крај, што поради тоа што блиски на присутните се обиделе да си ја пробаат среќата низ Европа.
Аднан Џаферовски го објасни едноставно кажано клучниот столб на претходните, а тоа е ГРАДИМЕ ЕДНО ОПШТЕСТВО. Поради тоа што граѓаните кои што беа присутни беа припадници на повеќе етнички заедници, дискусијата предизвика интерес.