Home Македонија ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ ДОБИВААТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА

ЌЕ СЕ ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ ДОБИВААТ ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА

0
577

Не е исклучена можноста да се прошири опфатот на граѓани кои ќе добијат финансиска помош од антикризните мерки на Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Самохраните родители, приматели на гарантирана помош, лица со попреченост, над 26 години и деца со попреченост, лица кои имаат надоместок согласно Законот преку Агенцијата за вработување, во наредните четири месеци ќе добиваат 3000 денари месечно, како дополнителен приход. Пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе бидат поделени во две категории.

Првата категорија е со минимална пензија до 11.525 денари. Оваа категорија ќе има дополнителен приход од 1500 денари во наредните четири месеци. Втората категорија на пензионери со пензија од 11.525 до 14.000 денари ќе има дополнителен приход од 750 денари месечно. Примателите на туѓа нега ќе добиваат по 3000 денари месечен приход, во наредните четири месеци, а лицата со надомест за телесно оштетување по 750 денари – рече Тренчевска. Со владината помош за ранливите категории граѓани, опфатени се околу 180 илјади граѓани или 10 отсто од популацијата.