СДСМ: Груевски досега се занимаваше со провизии тендери плацеви, наместо со градинки

0
1275

Наместо со градинки, обвинетиот Груевски десет години се бавеше со плацеви, тендери и провизии, реагира СДСМ на најавата на лидерот на ВМРО-ДОМНЕ за изградба на нови 14о детски градинки.

„На денот кога СДСМ рамо до рамо со граѓаните крои план за подобра иднина за државата, обвинетиот Груевски панично продолжува да ветува нереални проекти, во кој ни тој самиот не верува. Како обвинето лице пред правосудните органи, Груевски веќе нема никаво право да одлучува за иднината на децата на Македонија.

Обвинетиот Груевски цели десет години одлучуваше за судбините на сите граѓани на Македонија, а резултатите од неговото владеење се крајно поразителни. Груевски ја имаше сета власт во свои раце да го реши проблемот со градинките, но тој сето време го посвети на коруптивни тендери, огромни плацеви и богати провизии. Лицермерно повторувајќи дека се грижи за семејствата, Груевски заборава да потенцира дека единствено се грижи за Фамилијата преку која ја урнисува Македонија.

Граѓаните одамна ја препознаа неискреноста и нечесноста на обвинетиот Груевски. За нив, тој е веќе прочитана приказна. Приказна која на 11 декември и дефинитивно ќе заврши.

По 11 декември СДСМ заедно со народот, исто како и денес, сплотено и сигурно, ќе започне со враќање на вистинските вредности. Децата и семејството ќе бидат нашиот врвен приоритет. Ќе ставиме крај на масовното иселување, на пренатрупаните градинки и руинираните училишта. Промените се случуваат, Македонија ќе биде посакувано место за живеење“, стои во рекацијата.