ОРХАН МУРТЕЗАНИ Е ПРЕДЛОГОТ НА АЛТЕРНАТИВА ЗА МИНИСТЕР ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

0
65

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование, а Сафије Садики Шаини за заменик министерка за односи меѓу заедниците, информира Алтернатива.

На денешниот состанок на Централниот одбор на Алтернатива, Орхан Муртезани беше предложен за кандидат за министер во Министерството за евроинтеграции. Тој е поранешен директор во МЕПСО, како и секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.

Бидејќи Алтернатива ја презеде одговорноста и за заменик министер на Министерството за односи меѓу заедниците, Централното лидерство разговараше за ова и едногласно одлучи дека кандидатот на Алтернатива за оваа функција треба да биде Сафије Садики Шаини – универзитетска професорка.