МОЖНА ЛИ Е РАСНА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ПРИЛЕП?! ДАЛИ КОЛЕГАТА СУНАИ САБРИОСКИ ВО ПРИЛЕПСКИ КАФИЧ ,,ONYX” ГО НАБРКАЛЕ ОТКАКО ВИДЕЛЕ ДЕКА Е РОМ СО ФИНТАТА ,,ИЗВИНЕТЕ САМО СО РЕЗЕРВАЦИИ РАБОТИМЕ”!?

0
308

Не знам за вас ама ете ја дочекав среде бел ден, 11 часот, 2024 година, келнер да ме пречека со ,, ИЗВИНЕТЕ САМО СО РЕЗЕРВАЦИИ РАБОТИМЕ”! 😅🤣

Го гледам келнерот ја контам пораката, го гледам Маркови кули си викам види шубав град ама заглавил со развојот.

Се мислам дали да му предложам на градоначалникот или на Советот на општина Прилеп да воведе таков систем така што секој кој ќе дојде во Прилеп да мора да се јави и да направи резервација за влез во град како што тоа го прават во кафиќот кој ми ти се викал ОНИКС! 🙃

А убав град, ама ете некои птици сериозно мислат дека летањето е болест па кафезот им е најбезбедно место.

Фејсбук статус на новинарот Сунаи Сабриоски.