МИТЕВА : ЌЕ ОВОЗМОЖИМЕ РЕОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА, СО ЕДНА ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ – КОМПЛЕТНА ЕФИКАСНОСТ

0
113

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ветиле и дека првиот чекор кон комплетна трансформација на Македонија е исполнет.

„За само 30 дена од завршувањето на изборите, во состојба на уште не конституирана влада во македонското собрание изгласавме измени во закон со 2/3 мнозинство. Во текот на вчерашниот ден во Собранието на Република Македонија се изгласаа измените на Законот за изменување и дополнување на организација на работата на органите на државната управа, со кои конечно ќе овозможиме реорганизирање на државната управа, со една единствена цел – комплетна ефикасност, рационализација и транспарентност на институциите во државата“, изјави Марија Митева, пратеник и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, опозицијата излезе со критики и велат дека ова нема да донесе поголема ефикасност.