МИТЕВА : ИНВЕСТИЦИЈАТА ОД 450 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ВЕТРОПАРКОТ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА ЗА НАД 100.000 ДОМАЌИНСТВА, СО ВАКВИТЕ ПОЛИТИКИ НА ВЛАДАТА ЗЕМЈАТА ЌЕ БИДЕ ЕНЕРГЕТСКИ СТАБИЛНА

0
82

Прес-комференција на Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Владата на ВМРО-ДПМНЕ мандатот го започна со нови мерки и проекти. Покрај покачувањето на пензиите за 5000 денари, во правата недела од мандатот е најавена инвестиција од 450 милиони евра во Ветропарк во Источна Македонија.

Ветропаркот ќе се простира на териториите на општините Карбинци, Штип и Радовиш и ќе се гради во 2026 година.

Воедно, се очекува да произведува над 1 терават часови електрична енергија годишно, што е 20% од актуелното производство на струја во државата.

Струјата која ќе биде произведена ќе биде доволна за со неа да се снабдат над 100.000 домаќинства.

Ветропаркот ќе помогне кон енергетска транзиција како на земјата така и на регионот.

Важно е да се потенцира дека оваа инвестиција ќе генерира 630 нови работни места и ќе го подигне БДП на државата за нови 100 милиони евра годишно.

Ваквите инвестиции во енергетиката ќе продолжат и во иднина. Со овој тип на инвестиции владата ќе се погрижи да нема нови зголемувања на цената на струјата, што беше вообичаена пракса со владата на СДС и ДУИ, во чие време цената на струјата порасна за 50%.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор и производство на струја кое ќе може да ги покрие домашните потреби.

Исполнуваме. За тебе.

Прашање: Став за денешниот конгрес на СДС?

Одговор: Во однос на денешниот конгрес на СДС би кажала само дека и по Заев, доаѓа Заев. СДС беше партија која самата некогаш се фалеше дека има над 100.000 членови, a веќе сега гледаме дека едвај 20.000 членови се регистрирани за гласање. Им посакуваме брзо да се реформираат по оваа катастрофална состојба во која се наоѓаат.

Прашање: Владата донесе одлука за укинување на факултетот за здраватвени услуги во Струга, ваш став за истото, оправдан ли е ваквиот чекор?

Одговор: Мора да знаеме дека потребно е да се стави ред во хаосот што постои и во образованието, но и во здравството како еден од најважните ресори, и едно од задолжителните начини за да се оствари истото е да се направат строги критериуми кој може а кој не може да отвора катедри на фалултети, но исто така треба да бидат свесни сите дека нема да поминат низ иглени уши сите оние кои што сакаат да ги злоупотребуваат законите.