ЛУКАРЕВСКА : ПАТОТ НА ПОДИГНУВАЊЕТО НА СДСМ НЕ Е ЗА СЛАБИТЕ И ЗА МАЛОДУШНИТЕ

0
130

СДСМ го доби шестиот претседател, проф. д-р. Венко Филипче, според резултатите од внатрепартиските избори, од редот на пријавените кандидати. Демократски, во демократска партија. Патот на подигнувањето на СДСМ не е за слабите и за малодушните, објави на Фејсбук Сања Лукаревска од СДСМ.

-Целта е многу поголема од сите навреди за „опашки“ и „чувари на фотелји“. Нема покус пат за повторното издигнување на СДСМ. Кусите патчиња не им прилегаат на социјалдемократите. Тие кои се сомневаат во повторно издигнување на СДСМ, имаат кусо паметење. Ова се предизвикувачки времиња.

СДСМ е наследник на оние кои со својот живот го платија нашето живеење на свое. Затоа, да ја истресеме прашината и да почнеме со нашата работа. Времето на партиски навреди и зајадливости мора да го оставиме зад нас, се вели во објавата на Лукаревска.