ЛИДЕРКАТА НА ДЕСНИЦАТА МАРИН ЛЕ ПЕН ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА МАКРОН ЗА РАСПИШАНИТЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

0
130

Француската екстремна десница Марин Ле Пен ја поздрави одлуката на Емануел Макрон да распише предвремени избори. Изборите ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули.

Оваа одлука уследи по поразот на неговата партија на изборите за Европскиот парламент.

Екстремно десничарската партија Марин Ле Пен победи на изборите.

Партијата „Преродба“ на францускиот претседател Емануел Макрон претрпе тежок пораз на денешните европски избори од екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен.

Нејзината партија освои околу 32 отсто од гласовите, што е за 10 отсто повеќе од последните избори за Европскиот парламент во 2019 година, што ја прави фаворит на претседателските избори во 2027 година.