Професорката тања Каракамишева на нејзиниот фејсбук профил посвети статус за работењето на министерот за надворешни работи Османи. Кој ги навести промените пред 5 години? Замислете овој човек ме нарече НЕДОСТОЈНА да бидам член на Венецијанската комисија, човек кој е без елементарна култура на пристојно однесување. Кога дојде на пленарната сесија во Комисијата во 2019 година не се поздрави со мене, невоспитано и дрско седна на масата и со надмен став “од висина” кон мене небаре го крунисуваат за цар се направи дека не ме приметува.
Мене како Тања верувајте не ми беше потребен неговиот поздрав, не, ни најмалку, но се чудам како човеков нема основна дипломатска култура, основно чувство на коректност кон функцијата што ја извршува и кон Комисијата каде што дошол. За немањето срам кога пред цела Комисија изнесуваше невистини дека Законот за јазици е уставен веќе сум зборувала, немам што да додадам! Комисијата кажа колку е неуставен и неусогласен со меѓународните стандарди!“, напиша таа.