Home Интервјуа ЗОКИ ФАЦИ РАСПУКА ПО ГОСТИНОТ КАЈ ЛАЗАРОВ : СИ СЕ ОБЛЕКОЛ КАКО...

ЗОКИ ФАЦИ РАСПУКА ПО ГОСТИНОТ КАЈ ЛАЗАРОВ : СИ СЕ ОБЛЕКОЛ КАКО КИТКА МАТКА, А ВИКАШ ДЕКА СИ СТРЕЈТ

0
1132

Зоки Фаци кој е ко-водител во поткастот на Стефан Лазаров го угостија Давид Давидковски, а денешната емисија трае уште.

По половина час, Зоки Фаци влезе во конфликт со гостинот Давид откако сакаше да пушти видео од него, за кое гостинот сакаше да не се пушта во поткастот.

Давид ти си имаш проблеми со егото, треба да си го спуштиш под плочки. Ти си млад. Треба да учиш за да бидеш ѕвезда. Кога ќе бидеме гости кај тебе, тогаш ти ќе кажуваш како треба да поставувам прашања. Треба да бидеш спремен како се создава ѕвезда. Ти си кај нас гостин и јас сакам да го видам тоа видео и ти си баш симпатичен таму, рече Зоки Фаци.

На ова гостинот му возврати дека тој е гостин и го праша Зоки Фаци како би реагирал ако тој му пушти приватно видео во неговата емисија.

Си се облекол како китка матка овде, а глумиш овде дека си стрејт, жими мајка си стрејт. Си седнал овде, седиш во корсет, а велиш дека си стрејт. Биди фер плеј во животот. Сакам да го видам тоа видео, зошто да не го видам, рече Зоки Фаци.

На ова гостинот му рече дека не му се допаѓа речникот на Зоки Фаци и притоа го праша од кога тој мисли дека е ѕвезда.

– Кој ме покани овде, не дојдов овде сам. Навреден сум од вашиот речник. Ме напаѓате за да направите добра гледаност. Пример кога ќе го викнеш Тоше Зафиров и секогаш ќе го почитувате, а зошто баш Давид ќе го напаѓате? Зошто пример Тоше не го напаѓате? – рече гостинот.