ЗАХАРОВА : НАТО ЈА СНАБДУВА ПРИШТИНА СО ОРУЖЈЕ ЗА ДА СОЗДАДЕ СВОЈА „АРМИЈА“

0
139

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова денеска изјави дека НАТО ја снабдува Приштина со оружје и и помага да создаде своја „армија“, што не е дозволено со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Според неа, со премолчена согласност на Западот, самопрогласените косовски власти ги газат правата на српското население на Косово и водат политика на протерување на Србите од нивните изворни српски територии. Таа потсети дека пред 25 години, на 10 јуни 1999 година, Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата 1244, со која беше формирана Привремената административна мисија на Обединетите нации на Косово (УНМИК), и изјави дека оваа одлука овозможила да се пренесе конфликтот во поранешна Југославија во политички рамки.