ДОКТОРОТ И ОРТОПЕД БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ВЕЧЕРВА ОФИЦИЈАЛНО НА ПЛОШТАДОТ,,АЛЕКСАНДРИЈА ” ВО ПРИЛЕП ПРЕТСТАВЕН КАКО КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД РЕДОВИТЕ НА ОПОЗИЦИСКАТА ВМРО-ДПМНЕ

0
1648

По предходно најавената кандидатура на докторот Борче Јовчески како кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од страна на генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски вечерва на плоштадот ,,Александрија” кај камената бина во Прилеп неговата кандидатура и официјално беше претставена.

Под слоганот ,,Македонија за сите луѓе ” вечерва пред присутните за време промоцијата на кандидатот за градоначалник,  Борче Јовчески беа Владо Мисајловски како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.