ДЕНЕС ВО 20 ЧАСОТ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ,,МАРОК ЦЕПЕНКОВ” ВО ПРИЛЕП ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА И СВЕТСКА ЈАВНОСТ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ВИЗУЕЛНИ УМЕТНИЦИ ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВИ СО НЕОБИЧАЕН ПРОЕКТ, НЕ МНОГУ ЕТАБЛИРАН НА НАШИТЕ ПРОСТОРИ

0
69

Денес во 20.00ч во галеријата на НУЦК Марко Цепенков  ќе ја отвориме изложбата на реномираниот прилепски мултимедијален уметник Златко Крстевски.

Златко Крстевски е роден во Прилеп и во изминатите 35 години го презентирал своето творештво на сите континенти : Црна Гора, Куба, Јапонија, САД, Португалија, Нов Зеланд, Канада, Германија, Кипар, Иран, Бразил, Италија, Франција, Норвешка, Венецуела, Турција, Чиле, Белгија, Унгарија, Ирска, Шпанија, Словенија, Аргентина, Русија, Полска, Грција, Србија, Украина, Велика британија, Бугарија, Кореа, Кина,Романија,Мексико, Косово, Израел…

Во својата богата творечка кариера има добиено и многу награди и признанија за своето творештво и е еден од авторите кој најмногу ги претставувал Град Прилеп и Република Македонија.MAIL ART от и проектот со кој Крстевски ќе се претстави пред Прилепската публика најдобро ќе го опише со едно свое видување М-р Тони Чатлески :

„ Мејл-артот, наречен уште како мрежна уметност или уметност на кореспонденција, е еден од најголемите андерграунд уметнички феномени на дваесетиот век. Првите почетоци на мејл-артот се во 60-тите години на 20 век како своевиден медиум за директна размена на уметност, на идеи и информации помеѓу уметници од повеќе држави, без да се користат воспоставените канали на пазарите со уметнички дела. Тој претставува нов начин на меѓусебно поврзување и создавање сопствена култура, со минимизирање на материјалните замки на пазарната економија бидејќи овие специфични уметнички минијатури се дадени во размена /или се меѓусебно разменети/ и тие не се интересни за официјалниот уметнички пазар.Мејл-артот произведува креативни дела надвор од материјалистичкиот уметнички маркетинг. Тој ги претвора поштенските сандачиња во музеи без ѕидови. Тој е од лична природа и е најдемократска форма на ликовната уметност. Сите се добродојдени во мејл-артот и сите се подеднакво важни, при што се почитуваат сечии идеи. Тој е највитален во меѓународната размена на изложбите на кои се претставени сите учесници оти нема жири со задача да ги селектира уметничките дела.

Идејата на мејл-артот е хумана и космополитска, да се биде дел од една поширока глобална заедница која ги споделува вредностите на уметноста и културата. Кругот на уметничко пријателство е отворен преку формата на таа комуникација – во овој проект тоа е празната поштенска картичка, чијашто бела бездна уметникот треба да ја исполни со уметничка, а со тоа, се разбира, и со етичка содржина и порака.

Мултимедијалниот уметник Златко Крстевски, по повод 551 година од раѓањето на Никола Коперник, дојде на идеја да организира мејл-арто изложба, насловена како Коперникус 551.Поставката содржи повеќе од 100 дела на уметници од сите меридијани на земјината топка,каде може да се види шареноликост од идеи поврзани со темата.

Слободата на изразот со овој вид уметност, дава извонредна можност за освежување на ликовната сцена од мејнстрим пристапот и претставува посебен вид на естетика, која е итекако нужна за разбивање на, се повеќе, монотониот штафелајски пристап. “

Ве чекаме на отварањето на кое ќе приредиме и неколку други изненадувања !!!