ВМРО-ДПМНЕ : ИДНИНАТА НА ПАРТИЈАТА КОЈА И ЈА ДАДЕ МАКЕДОНИЈА НА ТАЦНА НА ДУИ СЕ СОСТОИ ВО ДОКТОР ТЕНДЕР КОРОНА ФИЛИПЧЕ, СТАНИ ЦАЦИ И ЈОВО ГРАНТ 0 СДС ЦЕЛОСНО ДА СЕ РЕФОРМИРА

0
119

Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант.

Нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал или неспособност.

Венко Филипче ќе остане запаметен како човекот кој како министер во ек на корона бркаше провизии од вакцини, по матните тендери за реагенси, набавките во четири очи и колабрираното здравство.

Славјанка Петровска ќе остане запаметена по луксузната хациенда која ја криеше, и Ковачевски кој ја стануваше на сред митинг да ја видат сите која е.

Јово Деспотовски е директорот на ФИТР кој штанцаше грантови за се и сешто, истиот фонд од кој се делеа пари за обуки на магариња.

И Филипче и Петровска и Деспотовски се поврзуваат со криминалите и неспособноста на Заев и Ковачевски. СДС целосно да се реформира.