ВМРО-ДПМНЕ ВО ЦЕЛОСТ ЈА ДЕМАНТИРА ОБЈАВЕНАТА ВЕСТ НА НЕКОЛКУ ЕЛЕКТРОНСКИ МЕДИУМИ ПОД НАСЛОВ ,,МИЦКОСКИ ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАДАТА” И ДЕКА Е НЕТОЧНА

0
123

Веста објавена на неколку електронски медиуми со наслов: „Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата“ е неточна и истата во целост ја демантираме.

Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по корегирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието.

Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение.