БАЈДЕН ДО АМЕРИКАНСКИОТ ТИМ ПРЕД СП : ЗНАМ ДЕКА СТЕ АУТСАЈДЕРИ, НО ТИМОТ ИМА НЕКОИ ОД НАЈДОБРИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО СВЕТОТ, ПА ДА ГИ ИЗНЕНАДИМЕ СИТЕ

0
561

Претседателот на САД, Џо Бајден одржа мотивациски говор пред фудбалската репрезентација пред почетокот на Светското првенство во 2022 година.

-Момци, знам дека сте аутсајдери. Ќе ви кажам што, имате некои од најдобрите играчи во светот, ја претставувате оваа земја и знам дека ќе играте со цело срце, па да ги изненадиме сите. Продолжете да верувате еден на друг, играјте колку што можете и знајте дека вашите семејства, вашите другари и целата земја стојат покрај вас, рече Џо Бајден.

Тимот на САД во групната фаза на Светското првенство ќе игра со селекциите на Англија, Иран и Велс.

Американците својот прв дуел на Мундијалот во Катар ќе го имаат утревечер од 20 часот против селекцијата на Велс.