Friday, March 21, 2025
11.8 C
Skopje

СДСМ: Врв на паранојата се денешните измислици дека Заев не е во државата

„Стравот на медиумските курири на Никола Груевски од присуството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во јавноста и помеѓу граѓаните се граничи со параноја.

Затоа медимските курири секојдневно измислуваат и објавуваат лаги, целосно неточни информации и конструкции.

Врв на паранојата се денешните измислици дека претседателот на СДСМ го нема во државата, објавени веднаш по официјалната најава за средба на претседателот Заев со висока делегација предводена од европратеникот и почесен претседател на Либералната интернационала, Јоханес Корнелис ван Бален.

Силната поддршка за СДСМ и опозицијата од социјалистите, социјалдемократите и од групата на либерали и демократи во Европскиот парламент дополнително го нервира осамениот Никола Груевски.

Очигледно медимските курири немаат ниту грам морал ниту пак основно чувство за човечност па затоа на најдрзок начин ја злоупотребуваат катастрофата што им се случи на граѓаните на Тетово и тетовско.

СДСМ и претседателот Заев никогаш нема да спроведуваат лажен ПР, злоупотртебувајќи нечија болка и тага како што тоа го прави Никола Груевски. СДСМ има искрен пристап кон сите граѓани и тоа граѓаните го знаат и препознаваат. Само како уште една потврда на лагите на медиумските курири на Никола Груевски во прилог испраќаме писмо коишто лично Зоран Заев, како градоначалник на Струмица, го има испратено до градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Известувања за личната, приватна парична донација на претседателот Зоран Заев за лекови коишто им се неопходни на настраданите во тетовско, како и писмените известувања за донираната помош од општина Струмица во вода, храна, лекови, средства за лична хигиена и слично нема да ги објавуваме. Вистинската хуманост е доблест која не признава фалби“, се вели во соопштението на СДСМ.

Dopis-04.08.2015

ОВАА НЕДЕЛА

НИКОЛОСКИ: МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ СО ОБЕМНИ КОНТРОЛИ НА ЛИЦЕНЦИТЕ, ПРОВЕРЕНИ НАД 640 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција...

ОЈО ФОРМИРА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА ПРОТИВ 27 ЛИЦА И ТРИ ФИРМИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе...

ОДРЕДЕН 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА БЕКТЕШИ И 12 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се...

МАТТО ДОНИРА 3,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ

Стопанската комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ