ПЛАНИНАР ПОЧИНА НА ПЕЛИСТЕР, ТИМОТ ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ПЛАНИНА ГО ИЗВЛЕЧЕ ТЕЛОТО

0
319

Повозрасен планинар починал денеска на Пелистер во близина на Ловечка куќа, на надморска височина од околу 2.000 метри. Тимот за интервенција во планински услови го пронајде телото на починатиот планинар и го извлече од тешко пристапниот терен. Од СВР Битола соопштија дека по преземени мерки и активности било утврдено дека станува збор за С. А. (76) од Скопје, кој бил дел од планинарска група која се движела кон врвот Антена на Пелистер.

Телото на починатиот скопјанец беше предадено на екипата на Итната медицинска помош, при што беше констатирано дека се работи за смрт без видливи траги на насилство.

Регионалниот Центар за управување со кризи информира дека од СВР Битола добиле известување дека кај месноста Ловечка куќа на планината Пелистер имало починато лице. Според првите сознанија, се работело за повозрасно лице од Скопје. Центарот за управување со кризи веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување од Битола, која има тим за интервенции во планински услови, кој излезе на терен.

Екипа на МВР треба да изврши увид.