НУКЛАРНА БОМБА ЗА РЕЖИМСКОТО МИЛЕНИЧЕ НА ГРУЈО И БАТЕ САШЕ : „Панама документите“ ДОКАЖАА дека РЕЖИМСКИОТ ОЛИГАРХ ОРЦЕ КАМЧЕВ користи офшор компании за да го сокрие своето богатење преку зделки и бизниси овозможени од владата на Грујо!

0
1282

Јордан Камчев, контроверзен бизнисмен близок до круговите на владејачката партија, долго време се сомничи дека користи офшор компании за да го сокрие своето богатење преку зделки и бизниси овозможени од владата. Документите од Панама за прв пат овозможуваат доказ за негово директно сопствеништво во една таква компанија – „Десимарг Лимитед“ основана на Бахамите, пренесува „Нова“.

Пишуваат: Сашка Цветковска, Маја Јовановска, Кристина Озимец (Редакција за истражувачко новинарство и известување за корупција на НОВАТВ)

Десимарг Лимитед е „родена“ три дена откако Кристина Папаицовау, администратор во „Консулко“, консултантска фирма од Кипар, ги контактираше Мосак Фонсека во јануари 2014 година.

„Консулко“ испорачала директори и сопственици на уделите – во суштина само имиња на хартија чија цел е да ја сокријат личноста која е вистински сопственик на оваа компанија.

Мосак Фонсека, адвокатската компанија која ја регистрирала „Десимар Лимитед“, според законите треба да ги идентификува крајните корисници, односно сопствениците, како и целта и дејноста на компанијата, но никогаш не го сторила тоа. Ова откритие доаѓа од базата од 11,5 милиони интернационални документи популарни како Panama Papers кои ги доби германскиот весник Зидојче Цајтунг и ги сподели со Интернационалниот конзорциум на истражувачки новинари заедно со Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) којшто во Македонија работеше со НОВАТВ.

Во јули 2015 „Десимар Лимитед“ веќе си ја отслужува својата цел и Консулко покренува ликвидација. Тоа е воедно и првиот пат како Јордан Камчев се идентификува како сопственик.  Агентите од Консулко им пишуваат на Монсак Форсека дека ќе покренат ликвидација на компанијата, но прво го менуваат директорот. Нов директор на 9-ти јули станува Ненад Јосифовиќ, личност која во моментов е член на надзорниот одбор на Стопанска Банка – Битола, член на управниот одбор на ГТЦ, како и човек кој со години врши менаџерски функции во компаниите кои се дел од Орка Холдинг, компанија на семејството Камчеви. Во истиот ден кога Јосифовиќ е назначен за директор на компанијата „Десимарг Лимитед“ од Бахами, тој го именува Јордан Камчев за ликвидатор на фирмата, како што се гледа од масата документи кои со НОВАТВ беа споделени од партнерите.

Целата сторија ОВДЕ