НЕ САМО СУДИИ ТУКУ И НОВИНАРСКИ БАРДОВЕ РАБОТАТ ЗА МАФИЈАТА – СВАЌАТЕ ЛИ СЕГА ЗОШТО 30 ГОДИНИ ОЛИГАРСИТЕ НИ ЈА ЦИЦАА КРВТА?!?!

0
1600
Пишува: Саше Ивановски Политико
Сега мислам дека на сите ни е јасно зошто мафијашите 30 години успеваа да ни ја цицаат крвта и никој ништо да не им може?! Затоа што за нив работат не само судии и обвинители туку и многу нивинарски БАРДОВЕ, новинарски легенди кои менаџираат моќни медиуми и креираат јавно мислење!
Проблемот на олигарсите како Камчев е што сега нема само 3 телевизии и 3 весници како пред 10, 20 години, туку има над 100 медиуми што традиционални што нови, и не може сите да се купат или придобијат на многу чудни начини. Не се сите како Геровски, Миленко, Бурекот и директорите на Алфа ТВ па да го бранат човекот кој веќе еднаш избега од земјава во 2006-та кога имаше кривични за затајување данок, а сега сака пак да го стори истото под изговорот дека имал проблеми со срцето и не можел да седи во притвор…
Да зборуваме ли за наменски употребената Бетон Штип која го градеше Скопје 2014-та и низ која поминаа стотици милиони евра за потоа да биде затворена наеднаш и избркани на улуца над 300 вработени?!?! За МПМ купена практично за ич пари од Германците за да служи како медиска режимска пропаганда за перење мозок на масите и спружање на насловна на непријателите на режимот?! За милиончето на Ивона која набавките за државните болници ги правела преку Камчев, нешто што слушнавме на снимките од бомбите на Заев?! И на крај обидидот да се уништи СЈО со цел да се спаси и мафијата и ВМРО ДПМНЕ од одговорност и да се сруши владата на Заев, за што Камчев требаше да биде награден од ВМРО ДПМНЕ со уште едно простување на сите негови криминали, ама планот не успеа и ВМРО ДПМНЕ не се врати на власт?!
Не знаеме зошто Геро толку се решил да и служи на мафијата, дали е поради мрсните банери од фирмите на Камчев кои толку убаво се накитени на неговиот портал Плусинфо, дали се работи и за некои други мрсни трансфери под маса како што Камчев се обиде да ги поткупи Катица и Боки, можно е и Геро да добил иста таква чанта Луј Витон можеби од помал габарит, а можеби и не се работи за поткуп воопшто, можеби се работи и за некакви други игри и интереси, можеби Геро го брани Камчев од чисто патолошки причини, можеби се пали на олигарси и големи криминалци, едноставно можеби има изместена вредносна вага во својата психа, за него херои и луѓе за респект и симпатии се луѓе како Камчев и Мијалков а луѓе за омраза и подбив се луѓе како Заев, Шеќеринска и Фатиме Фетаи тоа само тој го знае.
Но силниот тресок на дното на еден голем новинарски бард е толку шокантен толку разочарувачки, пред 10, 20 години, колумните на Геро беа како колумни на уредништвото во Њујорк Тајмс, сега се како смешни бедни пусулчиња како Дудинка и  Буревесник.
(Текстот погоре е уреднички коментар на уредникот на Мактел Саше Ивановски Политико и не треба да се земе за објективна информација)