Мицкоски и Заев се согласија дека во иднина не треба да има Пржинска влада без разлика кој ќе биде на власт

0
58

Во вечерашниот ТВ дуел на ТВ 24 претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се согласија дека техничката влада за организирање избори треба да се избрише од законот по претстојните избори.

Заев рече дека тој бил за тоа таканаречената Пржинска влада да се укине и порано, на што Мицкоски одговори дека за овие избори инсистирале таа да се воведе, бидејќи немале доверба во СДСМ дека ќе организира фер избори.

Двајцата се согласија дека по овие избори, кој и да биде во опозиција, тие се за укинување на техничката влада.